Со гол на Собослаи во 92. минута Унгарија го победи Исланд во баражот и се пласираше на Европското првенство. Но овој напаѓач веќе извесно време е меѓу желбите на големите клубови.
Од Шпанија стигнуваат информации дека Реал Мадрид сега е сериозно заинтересиран за фудбалерот на Ред Бул Салцбург.
Уште поатрактивен на пазарот го прави сумата која е мала во однос на потенцијалот кој го има Собослаи. Неговиот актуелен договор со Салцбург истекува во 2022 година, а откупната клаузула му е 20 милиони евра, во неа има уште некој дополнителен процент кој може да го добијат Австријците, па се верува дека може да биде купен за сума меѓу 25 и 30 милиони евра.
Реал Мадрид не е единствениот заинтересиран, Собослаи се поврзува и со Арсенал и Милан, но и други гиганти се интересираат за неговите услуги.