Реал Мадрид го договори трансферот на најголемиот аргентински талент!

by 24 фудбал
1 минути читање

Реал Мадрид успеа да го победи конкуренцијата и да го обезбеди потписот на еден од најголемите јужноамерикански таленти – Франко Мастантуоно. Договорот со Ривер Плејт е постигнат, а аргентинскиот вундеркинд ќе потпише долгорочен договор до јуни 2031 година.

„Кралскиот клуб“ ќе плати 45 милиони долари, но сумата ќе се исплаќа во неколку рати. Мастантуоно ја имал желбата да заигра на „Сантијаго Бернабеу“, и покрај понудите од други клубови, Реал бил негов приоритет.

Формалностите околу трансферот се очекува да бидат завршени следната недела, но Ривер Плејт инсистира талентираниот плејмејкер да настапи на Клубското Светско Првенство пред да се пресели во Шпанија. Тоа значи дека Мастантуоно ќе се приклучи на Реал Мадрид во август.

Тинејџерот веќе го привлече вниманието на европските гиганти со својата зрелост на теренот, и не е тајна дека во Мадрид гледаат во него проект сличен на трансферите на Винисиус, Родриго и Енрике.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани