„Реал Мадрид е најдобриот клуб во светот… ако треба ќе играм беспари“

by
1 минути читање

37 годишниот
Фернандо Љоренте во моментов е без клуб, но нема намера да се пензионира и чека
примамлива понуда.

Во интервју за
емисијата „Ел Ларгеро“, напаѓачот рече дека нема ништо против да игра беспари
доколку му се понуди шансата да го облече дресот на Реал Мадрид и да биде
резерва на Карим Бензема.

„Никогаш не сум
бил блиску до Реал Мадрид. Секогаш кога Реал Мадрид пројавувал интерес, јас бев
под договор со Атлетик и знаете како е… Атлетик Билбао не помислуваше да ме
пушти, а Реал Мадрид немаше намера да ја плати откупната клаузула“
– вели Фернандо
Љоренте, кој се прослави во дресот на клубот од Баскија, и потоа како слободен играч се пресели во Јувентус.

„А кога се укажа
можност… Јувентус реагираше побрзо“.

„Убаво ќе беше да
го облечев белиот дрес. Во моментов Реал Мадрид е најдобриот тим во светот и
тоа што го прават во Лигата на шампиони е неверојатно“.

„Ако добијам повик
од Анчелоти? Подготвен сум, ако треба ќе играм беспари и ќе му бидам резерва на
Бензема“

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×