Реал Мадрид синоќа
беше шокиран во Копа дел Реј и елиминиран од третолигашот Алкојано. Резултатот
сериозно го затресе столчето на Зинедин Зидан, веднаш се појавија гласини дека Французинот
може да добие отказ.
ЕСПН дури објави
дека Флорентино Перез очајно посакува да го ангажира Марсело Гаљардо од Ривер Плата како
нов тренер.
Сепак, неколку
извори од Шпанија попладнево пренесоа дека раководството на Реал Мадрид решило
да не ја прекине соработката со Зинедин Зидан, бордот на директори верува дека еден ваков потег е
контрапродуктивен.
Идејата е Зизу да
остане на кормилото до крајот на сезоната и потоа да се направи промена, па
како што стојат работите во моментов, Французинот ќе ги предводи „кралевите“
против Алавес.