Реал ја идентификуваше првата желба за наследник на Зидан, но има проблем, тој нема ниту клаузула ниту пакт

by
2 минути читање

Зинедин Зидан на
големо изненадување вчера соопшти дека го напушта Реал Мадрид и покај тоа што
имаше валиден договор до 2020. Па „Кралевите“ сега се во потрага на нов тренер.

Низ медиумите
вчера се појавија голем број на имиња како Арсен Венгер, Масимо Алегри, Јоаким
Лев, Антонио Конте па дури и Гути и Санти Солари.

Но според АС и
Марка, на врвот на листата со желби на Флорентино Перез се наоѓа Маурисо
Покетино од Тотенхем. АС пишува дека првиот човек на Реал со месеци собира
информации за стратегот од Аргентина. Марка пак додава дека веќе е остваран
контакт.

Сепак, Реал се
соочува со еден проблем. Маурисио Покетино неодамна стави потпис на нов пет
годишен договор со „Спарси“ и во неговиот договор нема клаузула за заминување, нема
ниту пакт или вербален договор помеѓу стратегот и управата за ослободување од обврските
доколку на вратата тропне големиот Реал Мадрид.

Па Флорентино
Перез доколку сака да го ангажира Маурисио Покетино ќе треба да седне на маса
со незгодниот Даниел Леви, кој веројатно е најтешкиот човек за преговори во
светот на фудбалот.

Марка исто така
пренесува дека Реал Мадрид остварил контакт и со уште еден тренер, односно
Јоаким Лев. Германецот неодамна стави потпис на нов договор со „Панцирите“ и се
обврза до 2022. „Кралевите“ сакале да го опипаат пулсот на Лев и да откријат
какво е неговото расположение за заминување од кормилото на Германија по
Светското првенство.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани