Новиот договор на
Серхио Рамос не е единствениот проблем за раководството на „кралевите“, под
голем знак прашалник е и иднината на Рафаел Варан. Французинот е обврзан кон
Реал Мадрид до 2022, преговорите тапкаат во место, па лесно може да се случи
двајцата столбови на одбрата да си заминат од Сантијаго Бернабеу по крајот на
сезоната.
Разликата помеѓу
платата што Реал Мадрид ја нуди и платата која Серхио Рамос ја бара се огромни,
во моментов нема абер за компромис, па Шпанецот се поврзува со ПСЖ и Манчестер
јунајтед.
Последните
гласини велат дека Реал Мадрид има пакт со ПСЖ, двата клуба се во добри односи,
па „светците“ се сложиле да седат мирни се додека целосно не пропаднат
преговорите помеѓу „кралевите“ и Серхио Рамос.
Што се однесува
до иднината на Рафаел Варан, раководството на Реал се сомнева дека дефанзивецот
нема намера да стави потпис на нов договор.
„Кралевите“ ќе се
обидат да го предомислат во следните месеци, но доколку не успеат, Рафаел Варан
летоска ќе биде ставен на продажба и за неговите услови ќе се бараат околу 50 милиони евра.