Реал го враќа Нико Паз за 8 милиони евра и веднаш ќе го продаде за многу повеќе!?

by riste
1 минути читање
Нико Паз

Реал Мадрид ќе ја искористи опцијата за да го врати Нико Паз, но не за тој да игра, туку за да го продаде за поскапо.

Нико Паз се прикажа во одлично издание во Комо, а Реал Мадрид во договорот со италијанскиот клуб имаше клаузула дека може да го врати за 8 милиони евра.

Кралевите ќе ја искористат таквата опција, ќе му ги платат на Комо парите и ќе го вратат Паз на Бернабеу.

Но, се чини дека тој таму нема долго да остане.

Наводно, Баер Леверкузен е сериозно заинтересиран за Нико Паз во кого гледа замена за Флоријан Вирц.

Реал Мадрид би го продал Паз на Леверкузен за сума од 30 милиони евра, плус во договорот да има клаузула за да можат да го вратат.

Според „Билд“, Леверкузен е подготвен да ја плати бараната сума и да го добие фудбалерот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани