Лука Модриќ има богата
понуда (некои ивори велат 100 милиони евра) да му стане соиграч на Кристијано
Роналдо во Ал Наср, но приоритет на Хрватот е останување во Реал Мадрид.
Сепак, како што
пишува Марка, Лука Модриќ не е приоритет на „кралевите“ кои го чекаат исходот
на други две прашања пред да му понудат нов договор.
Имено, Реал
Мадрид прво сака да дознае какви се плановите на Тони Крос, односно дали Германецот
ќе реши да продолжи да игра фудбали или ќе оди во пензија. Флорентино Перез и
неговите соработници исто така чекаат да видат дали ќе можат да го донесат Џуд
Белингам од Борусија Дортмунд.
Марка додава дека
нема шанси овие тројца играчи да коегзистираат заедно, па доколку Тони Крос
продолжи и Џуд Белингам пристигне, Лука Модриќ ќе биде тој кој ќе извиси и
Хрватот нема да добие нов договор.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.