Реал го купи Хамес Родригез за 80 милиони а сега го продава на градскиот ривал Атлетико за симболична сума?!

by
2 минути читање

По импресивните партии
на мундијалот во Бразил во 2014, Хамес Родригез се пресели во Реал Мадрид во
трансфер вреден 75-80 милиони евра. Сепак тој не успеа да блесне на Сантјаго
Бернабеу, па две сезони беше на позајмица во Баерн.

Колумбиецот не се
снајде ниту во Минхен, па минатото лето се врати во Мадрид. Силно се поврзуваше
со трансфер, често се пишуваше за преселба во Атлетико, но договор помеѓу двата
клуба не беше постигнат и фудбалерот оваа сезона го носеше „белиот“ дрес.

Сепак, јасно е
дека за него нема иднина во Реал и последните информации велат дека тој ќе се
пресели на „Ванда Метрополитано“. Ова го пренесе новинарот Педро Пабло Парадо,
кој во емизијата „Ел Голазо дел Гол“ откри дека Хамес Родригез ќе настапува под
команда на Диего Симеоне.

„Се чини дека
Хамес конено ќе го напушти Реал, ќе игра за Атлетико. Ќе биде платена
симболична сума помеѓу 10 и 15 милиони евра и на Колумбиецот ќе му се исполни
сонот да остане во Мадрид“
– рече Парадо.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани