183
Без Зинедин Зидан
на клупата, „кралевите“ лесно го победоа Алавес. Французинот поради ковид-19 не
можеше да седи на клупата, но неговото утсуство не се почувствува, Реал Мадрид
славеше со убедливи 1-4.
Касемиро погоди
со глава по еден прекин за 0-1 во 15. минута, Бензема постигна атрактивно од
врвот на шеснаесетникот за 0-2 во 41. минута, а пред самиот крај на првиот дел,
Азар се најде осамен пред голмот на Алавес и го матираше за 0-3.
По еден час игра,
Хоселу намали на 1-3, но тоа беше се што направи домаќините. Бензема со својот
втор гол во 70. минута ги потврди трите бода.