Хакими потпиша со Интер во септември за 40 милиони евра кои треба да бидат исплатени на четири рати од по 10 милиони евра.
Првата рата требаше веќе да биде платена во декември, но Интер побара да биде одложена до 30 март.
Но, како излeгуваат информациите дека финансиската состојба во Интер не е стабилна и тие бараат нови инвеститори, дури и можe да го продадат клубот, Реал Мадрид станува загрижен.
Според италијанскиот весник, Реал Мадрид сака повеќе гаранции дека парите ќе си ги добие на време.
Тие сакаат да биде потпишан нов договор во кои ќе бидат вметнати повеќе клучни елементи на хартија со кои ќе се заштитат од било какви загуби.
Сакаат да биде вметната клаузула според која тие ќе можат да го вратат Хакими назад доколку Интер не ги изврши плаќањата на време.
Многу фанови на Реал Мадрид сметаат и дека Хакими е продаден премногу рано и евтино. Тој се покажа во одлично издание на позајмицата во Борусија Дортмунд, па некои сметаат дека ќе беше одличен и во составот на Зидан.
Тој постигна шест голови и пет асистенции во 24 натпревари оваа сезона иако станува збор за бек.