Реакцијата на Роналдо за изборот на најдобрите 10 фудбалери во светот во 2023 (ФОТО)

by
1 минути читање

Секоја година, ИФФХС гo одбира најдобриот фудбалер во светот и составува листа од 10 имиња кои конкурирале за ова признание. 

Критериумите се базираат на индивидуалната статистика, но и постигнувањата на фудбалерите со своите тимови.

Според Меѓународниот Институт за фудбалска историја и статистика, Ерлинг Халанд е далеку најдобриот фудбалер во 2023 година, а на подиумот место има уште и за Килијан Мбапе и Лео Меси.

Во Топ 10 се најдоа и Родри, Џуд Белингем, Кевин де Брајне, Хари Кејн, Бернардо Силва, Винисиус Жуниор и Лаутаро Мартинез.

На листата немаше место за Кристијано Роналдо, кој 2023 ја заврши како најдобар стрелец во светот со 53 постигнати погодоци.

Па изборот не можеше да помине без негова реакција, во објавата на А Бола на социјалните мрежи, напаѓачот остави неколку емоџи со кои „плаче од смеење“ од изборот на ИФФХС.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×