Ралф Рангник во некои клубови работеше како тренер, а во некои како директор. Роналдо во интервјуто со Пирс Морган рече дека тој не е ни тренер.
„Како клуб како Манчестер јунајтед може да го отпушти Оле и на негово место да го назначи спортскиот директор Ралф Рангник, никој не може да разбере. Тој не е ниту тренер. Немав слушнато за него претходно. Голем клуб како Манчестер јунајтед да назначи спортски директор за тренер, ме изненади, не само мене, туку сите“, рече Роналдо.
Рангник сега е селектор на Австрија, па на прес конференција беше запрашан за негова реакција на нападот од Роналдо.
„Јас сум селектор на Австрија, не е моја работа да ги анализирам тие зборови, тоа е работа на Манчестер јунајтед и на спортските новинари“, рече Рангник.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.