171
Герет Бејл во минатото коло доби шанса од првата минута, но откако не покажа ништо, Жозе Мурињо за вчерашниот меч со Челси го остави на клупата за резерви.
Велшанецот можеби се надеваше дека во игра ќе влезе во текот на второто полувреме, но тоа не се случи.
Кога Бејл виде дека во игра ќе влезат Лукас и Ламела, а не тој, се фати за глава.
Дел од англиските медиуми влат дека оваа реакција на Бејл е токму поради тоа.
По мечот Мурињо од една новинарка беше запрашан, зошто не го стави Бејл во игрра? а Португалецот беше прилично дрзок одговарајќи: „Добро прашање, но ти не заслужуваш одговор“.
