РБ Лајпциг „удри“ по Романо за трансферот од 100 милиони: Еден самопрогласен експерт…

by bojan
1 минути читање

Од таборот на „биковите“ велат дека нема договор со Реал Мадрид за трансфер на перспективниот Јан Диоманде.

Минатата недела, Јан Диоманед беше најавен како нов фудбалер на Реал Мадрид, веста ја потврдија голем број на извори, а еден од првите кој објави беше добро упатениот Фабрицио Романо.

Но од таборот на РБ Лајпциг сето ова е демантирано, а беше испратен и зајадлив коментар на адреса на италијанскиот новинар.

„Некои самопрогласени експерти за трансфери пред неколку дена објавија дека договорот е завршен или дека е дадено зелено светло. Но едноставно тоа не е точно. Се уште не сме стигнале до таа фаза“ – вели спортскиот директор на „биковите“, Марсел Шефер.

Последните информации на оваа тема велеа дека трансферот всушност е блокиран поради спор помеѓу поранешната и сегашната агенција на Јан Диомане.

„Од тоа што јас го знам, ова не е точно. Имаше промена на агентот. Јан не извести дека во иднина треба да комуницираме со „Рок Нејшон“. Не верувам дека евентуален трансфер би пропаднал поради ова, ако воопшто можеме и да зборуваме за трансфер кој треба да се реализира“.

ФОТО: X/RB Leipzig English

Можно е и ова да ти се допаѓа

×