РБ Лајпциг е пред потпис со Тимо Вернер, но трансфер бомбата е ангажман на Бенџамин Шешко

by
1 минути читање

Тимо Вернер е на
чекор до враќање во РБ Лајпциг, напаѓачот денеска треба да пристигне во
Германија и утре да ги одработи лекарските прегледи откако „биковите“ си подале
рака со Челси.

Се шпекулира дека
се работи за трансфер од кој „сините“ ќе имаат загарантирани 20 милиони евра, а
зделката со бонуси може да се искачи до 30 милиони евра.

Ова е голем
трансфер, но неколку извори пренесуваат дека РБ Лајпциг оваа недела ќе соопшти „бомба“ и ќе го
договори Бенџамин Шешко од РБ Салцбург.

Младиот напаѓач го
привлече вниманието на гигантите ширум Европа, се шпекулираше дека напаѓачот од Словенија е на радарот на  Манчестер
јунајтед, Челси, Ливерпул, Реал Мадрид, Барселона, Атлетико Мадрид и ПСЖ.

Сепак, новинарот
Фабрицио Романо објави дека РБ Лајпциг успеал да ги победи звучните имиња и
договорил трансфер на Бенџамин Шешко за летото во 2023 година.

Информацијата ја
потврди и Флоријан Плетенберг од Скај Германија, кој пренесе дека зделката ќе
се финализира оваа недела, Бенџамин Шешко сезоната ќе ја одигра на позајмица во
РБ Салцбург и следното лето ќе се пресели во РБ Лајпциг најверојатно како
замена за Кристофер Нкунку.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани