Изминативе месеци
медиумите често шпекулираа за иднината на Џанлука Скамака, кој со добрите
партии го привлече вниманието на многу клубови.
Интер, Јувентус и
Милан го имаа напаѓачот на своите листи со желби но мораа да се откажат од
битката кога интересот на клубовите ширум Европа придонесе цената на
Италијанецот да порасне на 40+ милиони евра.
Џанлука Скамака
сега е пред трансфер во редовите на Вест Хем во зделка вредна 36+6 милиони
евра, и ова е доказ за разликата помеѓу Серија А и Премиерлига.
Клубовите од
Англија, благодарејќи на богатиот договор за ТВ права, секое лето се расфрлаат
со пари, луди суми трошат и оние од средината на табелата, па и оние од долниот
дел.
Вест Хем ова лето
планира да одвои околу 150 милиони фунти (околу 180 милиони евра) на нови играчи, сума која
клубовите од Италија во моментов можат само да ја сонуваат.