„Разделбата со Мане е една од најлошите одлуки на Ливерпул… го продадоа за шолја чај!“

by
1 минути читање

Ливерпул игра под
очекувањата на стартот од оваа сезона и многумина сметаат дека една од
причините за лошите резултати е отсуството на Садио Мане, кој изминатото лето
беше продаден на Баерн Минхен во зделка вредна 32+9 милиони евра.

„Кажав од првиот
ден, според мене, продажбата на Садио Мане беше најлошата одлука. Момчето
постигнуваше навистина големи погодоци, дали тоа беше за отварање на
резултатот, за изедначување или пак победнички погодоци во последните минути“

пишува во својата колумна поранешниот фудбалер Пол Мерсон.

„Играше пресинг,
покриваше во одбрана и навистина не разбирам зошто го продадоа. Дарвин Нуњез во
моментов не е на исто скалило со него“.

„Според мене,
Садио Мане беше важна алка во Ливерпул и да го продадете за 30 милиони фунти,
што во моментов во Премиерлигата е еднакво на шолја чај, нели ќе беше подобро
да го задржеа и да го пуштеа следното лето да замине беспари?“

„На крајот од
сезоната може да ги чини многу повеќе од 30 милиони фунти доколку останат без
топ четири и место во Лигата на шампиони“.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани