Ратклиф сака да донесе засилувања во Манчестер јунајтед во јануари за да ги смири навивачите, но…

by
1 минути читање

Сер Џим Ратклиф и
неговиот ИНЕОС конзорциум треба да купат 25% од акциите на Манчестер јунајтед
во зделка вредна околу 1,35 милијарди фунти.

Како дел од
зделката, тој ќе добие контрола над фудбалските операции во клубот, и како што
пренесува ЕСПН, планот е да се донесат засилувања уште во јануари.

Сер Џим Ратклиф е
свесен дека навивачите ќе бидат гневни што семејството Глејзер останува на чело
на клубот, па ќе се обиде да ги смири со тоа што ќе го одврзе ќесето во
зимскиот преоден рок.

Сепак, прашање е
колкава сума ќе може да биде инвестирана, се шпекулира дека „ѓаволите“ ќе имаат
ограничени ресурси поради правилата за Финансиски фер плеј.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×