Ратклиф ќе купи четвртина од Манчестер јунајтед и ќе управува со фудбалските операции во клубот

by
0 минути читање

Според договорот со Глејзерс, Ратклиф ќе купи 25 проценти од Манчестер јунајтед во наредните денови и ќе го преземе раководењето со фудбалските операции.

Тоа значи дека тој ќе стане ко-сопственик на клубот и ќе одлучува за кој да биде тренер, кој спортски директор и слично.

Останатите, претежно бизнис операции во Манчестер јунајтед ќе остане да ги водат Глејзерс.

Претходно стигна информацијата дека шеикот Јасим се повлекол од намерата да го купи Манчестер јунајтед.

×