Маркус Рашфорд го комплетираше трансферот во редовите на Астон Вила, а по потписот ја даде и првата изјава за медиумите.
Во изјавата Рашфорд изрази благодарност до Манчестер јунајтед и порача дека се што сака е само да игра фудбал и да ја врати добрата форма.
„Сакам да се заблагодарам на Манчестер јунајтед и Астон Вила што ми ја овозможија оваа позајмица. Имав среќа што ме побараа неколку клубови, но изборот на Астон Вила беше лесна одлука. Навистина се воодушевувам на нивниот начин на игра и оваа сезонава имаат амбициозен тренер“, изјави Рашфорд.
Клубовите не ги открија финаниските детали, но медиумите пренесуваат дека по позајмицата на крајот од сезоната, Астон Вила има можност да го откупи неговиот договор за 40 милиони фунти.
„Возбуден сум поради новиот почеток. На сите во Манчестер јунајтед им посакувам се најдобро до крајот на сезоната“, додаде 27-годишниот напаѓач.
Во Астон Вила Рашфорд ќе го носи дресот со број девет.