Рашфорд се забавувал во ноќен клуб по поразот од Манчестер Сити!

by
1 минути читање

Рашфрод оваа сезона игра во лоша форма, постојано е критикуван од навивачите, но Ерик Тен Хаг упорно го форсира давајќи му поддршка.

Офанзивниот фудбалер сега е во центарот на вниманието поради тоа што се забавувал до раните утрински часови по поразот од Манчестер Сити.

Тој бил виден во популарниот ноќен клуб „Чинавајт“ во центарот на Манчестер каде блиските пријатели му славеле роденден.

Рашфорд денеска полни 26 години, но одлучил некој ден порано да го прослави роденденот и тоа веднаш по поразот од најголемиот ривал. Не баш паметен потег на фудбалерот кој ионака е критикуван за лошите изданија сезонава.

Рашфорд се забавувал до неколку часа пред да почне утринскиот трененинг.

Тој оваа сезона има постигнато само еден гол во 13 настапи, не е ниту бледа сенка од минатата сезона кога постигна 30 голови и си заработи нов петгодишен договор.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×