Многу прашина се
крена околу одлуката на Герет Саутгејт да ја изостави ѕвездата од
Премиерлигата, инаку член на Астон Вила, Џек Грилиш кој лани имаше импресивна
сезона, па наместо него, да го повика Кевин Филипс од Лидс, каде игра нашиот
Езгјан Алиоски.
Медиумите на
Островот штом го увидоа списокот на фудбалери брзо почнаа да дискутираат на таа
тема, а на таа тема се одзва и Грилиш, барем со еден потег на социјалните мрежи
кој брзо беше откриен од медиумите, и покрај тоа што фудбалерот истиот го
тргна.
Саутгејт го изостави Грилиш, а овој лајкна објава во негова одбрана, па се попишмани за тоа (ФОТО)
Како и да е,
освен Маркус Рашфорд, за дуелите со Исланд и Данска во Лигата на нации откажа и Хари Винкс
од Тотнем, а што се однесува пак до Рашфорд, тој од поодамна мака мачи со
повреда на глезенот, а на социјалните мрежи упати поддршка до своите соиграчи
од репрезентацијата.
Нешто повеќе за
ситуацијата со Грилиш, претходно Саутгејт штом го објави списокот на фудбалери,
а на кој го немаше фудбалерот на Астон Вила, објасни дека него всушност го
гледа како играч од нападот, па така ја има конкуренцијата пред себе како
Рашфорд, Санчо, Стерлинг и Гринвуд, што значи дека Грилиш го гледа нешто
понапред од средниот ред.