По победата над
Барнли од 0-1, Маркус Рашфорд беше топ тема поради погрешни причини.
На заминување од
тренинг комплексот на Манчестер јунајтед, напаѓачот направил сообраќајна
незгода и значително го оштетил својот Ролс Ројс вреден околу 700.000 фунти.
Медиумите од
„островото“ сега откриваат дека фудбалерот направил судар со бабичка, која се
враќала од чување на внуците.
74 годишната жена
немала повреди, само била потресена и збунета. Бабичката исто така не била по
фудбалот, па немала поим кој е Маркус Рашфорд, кој веднаш излегол од
автомобилот и проверил дали е се во ред со неа.
Набрзо пристигнал
и Бруно Фернандеш, кој исто така проверил дали е се во ред со неговиот соиграч
и жената. Потоа пристигнал и еден од докторите на Манчестер јунајтед, кој
понудил лекарска помош.
На крајот, човек
од таборот на „ѓаволите“ повикал и платил такси за бабичката да биде однесена дома.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.