Маркус Рашфорд ги
освојува симпатиите дури и кај навивачите на големите ривали во Премиерлигата, и повеќе е јасно
колку Ливерпул е огромен ривал со Манчестер јунајтед, меѓутоа тоа не го
предомисли ниту првиот човек на градот Лондон да ги искаже импресиите од активностите на ѕвездата на „Црвените ѓаволи“.
„Како навивач на
Ливерпул, воопшто не беше лесно да упатам комплименти за ѕвезда на Манчестер
јунајтед, но за оваа тема не би можел да бидам посогласен од било кога, секое
дете треба да го има правото за здрава, прифатлива и одржлива храна, без
разлика на околностите“ напиша Садик Кан, првиот човек на Лондон, инаку страствен навивач на „Редсите“, а Рашфорд
сподели на социјалните мрежи порака дека е одлучен повеќе од било кога во
својата мисија, заблагодарувајќи му се на големиот навивач на Ливерпул за
љубезните зборови кон него.
Нормално, во
писмото на Кан следеше и мала шега кон Рашфорд, иако ја поддржа неговата
кампања и упати убави зборови за него, откако во крајниот дел му посака среќа
во иднина, подвлече среќата да не го прати на „Енфилд“, алудирајќи на тоа
ѕвездата на Манчестер јунајтед да не биде успешен во дуелите против неговиот
омилен клуб Ливерпул.