Славниот Клаудио Ранери работи одлично во Рома и успеа да го стабилизира клубот по лошиот период со Де Роси и Иван Јуриќ.
Рома имаше желба Раниери да продолжи да го води тимот и наредната сезона, но тоа нема да се случи.
Сега, Раниери потврди дека договорот со новиот тренер е многу блиску, меѓутоа не го откри неговото име, а исто така нагласи дека тој ќе има улога на советник.
„Многу сме блиску до договор со новиот тренер. Кога ќе го доведеме јас ќе бидам советник, а не заштитник. И ако не чувствувам дека сум важен, ќе заминам. Тоа е најмал проблем. Во овој момент ми изгледа дека сум во центарот на проектот, така и се однесувам. Кога новиот тренер ќе дојде, ќе го оставам да си ја работи работата.За имињата на тренерите не одлучувам јас, тоа го прават сопствениците. Јас само ја направив листата кандидати“, изјави Раниери.