Раниери одбил мега понуда за да продолжи, Рома има фаворит за негов наследник

by riste
1 минути читање

Раководството на Рома со сите сили се обидело да го убеди Клаудио Раниери да остане на кормилото и следната сезона, но тој останал на својот став да оди во пензија.

Раниери и претходно беше во пензија, но ја прекина за да ѝ помогне на Рома и прифати да биде тренер до крајот на сезоната. Но и покрај добрите резултати кои ги има, решил да остане на својата првична одлука и да не го промени ставот.

Од Рома му нуделе многу пари за да го предомислат, но тој едноставно одбил.

„Скај Спортс Италија“ пишува дека фаворит за нов тренер на Рома е Стефано Пиоли.

Поранешниот тренер на Милан кој сега го води Ал-Наср решил да се врати во Италија и блиску е до потпис со волчицата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани