Рангник: Ова беше мојата визија за Милан

by
2 минути читање

Силни беа шпекулациите дека Ралф Рангник ќе биде нов тренер на Милан, но во последен момент раководството се предомисли и му даде нов договор на Стефано Пиоли.

Рангник беше запрашан за неговата визија за Милан.

„Ќе поставев конкретна цел, како место во Лигата на шампионите, бидејќи никој не сака да игра во Лига Европа. Милан има перфектен пример на само 30 километри од нив, Аталанта има третина од буџетот на Млан, но продолжува да завршува пред нив на табелата. Тоа е бидејќи прават интелегентни инвестиции, имаат една од најдобрите академии во Европа, не е само до Џан Пјеро Гасперини, ова е тимски спорт“, вели Рангник.

„Исто така сум импресиониран и од стилот на Антонио Конте во Интер, кој е софистициран, активен и агресивен. Мојата идеја во фудбалот секогаш била да држам високо темпо, пресинг и контра-пресинг, нешто што во Америка е познато како „Ралдбол“. Сите играчи во нашите акедемии (Ред Бул) созреваат со тоа“.

Во интервјуто Рангник потенцираше дека сака да има повеќе од само тренерска работа, сака тој да ги постави најдобрите луѓе за тимот според него, почнувајќи од нутриционист, до психолог, па видео аналитичар, скаути… Не сака други да му се мешаат околу составување на тимот, сака да ги добие фудбалерите кои ќе ги одреди тоа, кои ќе ги имаат карактеристиките кои ќе одговараат во неговата визија.

Рангник вели дека тој не би го задржал Ибрахимовиќ во тимот, ниту Кјаер.

„Не е мој стил да се фокусирам на 38 годишен фудбалер, тоа не е поради неговиот него, туку јас преферирам да креирам и да развивам таленти. Ми нема смисла да се потпирам на некои како Ибрахимовиќ или Кјаер, но тоа е само како јас ги гледам работите. Не значи дека е правилно или погрешно. Кога Ибра рече дека не ме познава, не беше грешка, никогаш не сум го запознал“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×