Рангник го советува Нагелсман да оди во Тотнем

by
1 минути читање

Нагелсман важи за прв фаворит за нов тренер на Тотнем, Рангник смета дека нема да згреши доколку го прифати предизвикот.

„Тотнем е навистина возбудлив клуб поради повеќе работи. Тие го имаат еден од најдобрите стадиони во светот. Го имаат еден од најдобрите тренинг центри, таму е и Даниел Леви кој долги години го води клубот“, вели Рангник.

„Доколку Тотнем навистина го сака Јулијан Нагелсман, ќе биде важно да му донесе и спортски директор кој ќе му даде поддршка“.

„Тоа не е клуб каде бараат веднаш да бидете на врвот. Па тоа може да биде многу, многу возбудлива приказна“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×