226
Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос денеска разговараше со медиумите од кампот на Шпанија и неизбежни беа прашањата за иднинта на Лео Меси.
„Не сме засегнати од ова, но мислам дека тој заслужил да одлучи што сака да прави, иако не знам дали најдобро се менаџира целата ситуација. Секако, за Барселона, за шпанскиот фудбал, па и за нас, ќе биде подобро доколку остане. Првенството е посилно, „Ел класико“, послатки се победите против најдобрите и тој е еден од најдобрите. Ќе видиме што ќе се случи“ – вели Серхио Рамос.