Дефанзивецот
против Осасуна го забележа настапот број 500 за „Кралевите“ па повод овој убав
јубилеј, Серхио Рамос вчера одговараше на прашања од фанови на Фејсбук Лајв.
Шпанецот е познат
по тоа што често знае да го спаси својот тим со гол во завршницата, па беше
прашан за промена на бројот на дресот и идеата во иднина на неговиот грб да стои 93.
„Бројот 4 ми носи
многу среќа и го носам во текот на целата кариера со Реал Мадрид” – вели Серхио Рамос.
„Но да, сум
размислил да го променам и да го носам бројот 93”.
Запрашан кој му е
омилен погодок, играчот го посочи токму тој во 93. минута од средбата против
Атлетико Мадрид во Лигата на Шампионите кога Реал стигна до популарната „Ла Децима“.
„Не знам кој гол
ми е омилен, имам неколку добри но сите ми се драги. Не сум сигурен дали
можам да одберам само еден”.
„Можеби тоа е
голот за изедначување во финалето од Лигата на Шампионите бидејќи ни помогна да
стигнеме до титула и гол во последните мигови е нешто специјално”.