Мбапе летово одлучи да го одбие Реал Мадрид и да ја прифати понудата на ПСЖ која според сите информации изгледа необично, му дава ингеренции на фудбалерот многу поголеми од останатите играчи.
Мбапе летово се обидел да го искористи тоа и побарал од раководството да биде продаден Нејмар. Проблем настана откако Бразилецот дозна за тоа. Сега двајцата не комуницираат, а тоа се гледа на теренот.
Меси е одличен пријател со Нејмар, па неговата наклоност е на страна на бразилскиот фудбалер.
Информациите на „Ле Паризиен“ велат дека Серхио Рамос ја имал улогата на медиатор на целиот случај.
Тој се обидел да разговара со Мбапе и Нејмар и да ја смири тензијата меѓу нив.
Двајцата разговори имаат и со тренерот и спортскиот директор.
На следните натпревари на ПСЖ ќе се види дали има подобрување во односите меѓу Нејмар и Мбапе, но Бразилецот се чувствува предадено од француската ѕвезда, а таквото чувство потешко се лечи.