Рамос призна дека намерно добил жолт картон, УЕФА подготвува казна!?

by
1 минути читање

Реал Мадрид со 2-1 го победи Ајакс и направи огромен чекор кон четвртфиналето во Лигата на шампионите.

Серхио Рамос доби жолт картон и нема да биде дел од реваншот.

„Би излажал ако би рекол дена не го направив тоа намерно. Не го потценувам Ајакс и нема да кажам дека е готово уште по овој меч, но потребен ми е одмор. Реваншот ќе го гледам од трибините“, изјави Рамос.

УЕФА го казни Хесус Корона од Порто кој призна дека во групната фаза намерно добил жолт картон.

Сега истото го направи Серхио Рамос, па се очекува реакција и на УЕФА.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани