Рамос погоди 25 пенали во низа а вечерва промаши два за 23 минути (ВИДЕО)

by
1 минути читање

„Црвената фурија“
сама си ја искомпликува ситуацијата во Групата 4 од Лига А, по поразот на гостувањето
кај Украина, вечерва избраниците на Луис Енрике одиграа само 1-1 на гости кај
Швајцарија.

Домаќините
поведоа со голот на Фројлер во 26. минута, за во продолжението од мечот Серхио
Рамос два пати да промаши од белата точка. Дефанзивецот имаше погодено 25
пенали во низа, но вечерва не реализираше два удари од 11 метри во период од 23
минути.

Гостите сепак дојдоа
до бод, во финишот од мечот, Жерард Морено погоди за 1-1. Шпанија сега во
последното коло ќе треба дома да слави против Германија доколку го сака првото
место на табелата и пласман на Ф4 турнирот.

На вториот
натпревар од Група 4, Германија со 3-1 ја совлада Украина. Гостите поведоа со
голот на Јаремчук, но „панцерите“ брзо го свртеа резултатот во своја корист.
Сане изедначи на 1-1, а Вернер во 33. минута донесе 2-1. Вернер во 64. минута
погоди по втор пат и ги реши сите дилеми околу трите бода.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани