Рамос не можеше да ги скрие емоциите пред фановите на Севиља, се расплака (ВИДЕО)

by
2 минути читање

По 18 години Рамос реши да се врати во Севиља. Тој ги одби богатите понуди од Саудиска Арабија и реши да потпише едногодишен договор со клубот каде ја почна кариерата. Одби 20 милиони евра, ќе игра за само 1 милион евра.

Синоќа беше претставен пред навивачите на Севиља кои се собраа во голем број да му посакаат добредојде. Емоциите кај него беа големи, па не можеше да се воздржи да не пушти солзи.

Додека играше за Реал Мадрид, Рамос беше исвиркуван кога ќе се појавеше на стадионот на Севиља, тој рече дека неговиот дедо со солзи го напуштал стадионот поради тоа. Но, тоа е минато, оваа сезона дефанзивецот повторно ќе гине за дресот на тимот од Андалузија.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани