69
Нема никакви дилеми дека
шпанскиот и европски првак Реал Мадрид е во криза, но ситуацијата отиде
предалеку по синоќешната елиминација во шпанскиот Куп од Леганес кои приреди
голема сензација на „Сантијаго Бернабеу“.
Се ниша столчето на
францускиот стратег Зинедин Зидан, а капитенот на тимот од Мадрид, Серхио Рамос
вели дека промени не се потребни, барем не засега.
„Не би сакал да има
промени во клубот. Сигурно дека
елиминацијата во ова рунда од Купот е неуспех за нас и дека постојат прашања на
кои мораме да одговориме, но фудбалерите први ќе застанат зад Зидан со
поддршка. Минуваме низ тежок период, но мораме да останеме обединети“ истакна
Рамос.