795
Ленс со 2-1 ја совлада Севиља и ќе продолжи во Лига Европа, но ситуацијата лесно можеше да биде поинаква, гостите да слават со 1-2 и да продолжат во второто по ранг натпреварување на УЕФА.
Откако атрактивно со „Паненка“ изедначи на 1-1, Серхио Рамос го имаше билетот за Лига Европа во 94. минута.
Една топка дојде до дефанзивецот на 11 метри, а тој наместо да погоди во голот, шутна високо на трибините.
Во 96. минута, на домаќините им се укажа шанса преку контра и не ја пропуштија, Фулџини реализираше за 2-1 и продолжување на настапот на Ленс во Европа.