Ралф Рангник на Манчестер јунајтед му препорачал четири фудбалери но сега веќе е доцна

by
1 минути читање

Ралф Рангник на привремена основа седна на тренерското столче на Манчестер јунајтед, Германецот требаше да остане на Олд Трафорд и да има советодавна функција, но откако пристигна Ерик тен Хаг, тој го напушти клубот.

Медиумите од Англија сега пренесуваат дека Ралф Рангник на „ѓаволите“ им предложил да ангажираат четири имиња со кои ќе се подигне квалитетот на тимот.

Тој порачал дека Јошко Гвардиола е играч кој мора да се купи, дефанзивецот на РБ Лајциг сега е трансфер мета на Манчестер Сити и Челси и се шпекулира дека „биковите“ одбиле 80 милиони евра.

Биле предложени уште двајца играчи на РБ Лајпциг, односно Конрад Лаимер и Кристофер Нкунку. Првиот силно се поврзува со преселба во Баерн Минхен, додека пак вториот стави потпис на нов договор и ова лето нема да направи трансфер.

Ралф Рангник исто така предложил ангажман на Хулијан Алварез како засилување за нападот, но Аргентинецот потпиша со Манчестер Сити.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани