Раководството на Осогово обвинува дел од фудбалерите за местенка против Шкендија (А)!?

by riste
1 минути читање

Телевизија Кочани (ТВК) известува за бранувања во кочанскиот фудбалски клуб Осогово, наводно раководството на клубот се сомнева во дел од играчите за пуштање на мечот со Шкендија Арачиново.

Осогово со 2-1 го загуби бараж мечот против Шкендија Арачиново кој се играше во Кавадарци.

Според „ТВК“ раководството на клубот се сомнева во чесноста на дел од фудбалерите. Ги обвинува дека учествувале во местење на натпреварот, а тоа било видливо од нивното незалагање на теренот.

Играчите ги отфрлаат таквите обвинувања од страна на раководството и најавуваат дека наскоро ќе ја кажат нивната вистина за случувањата во клубот.

И покрај поразот, Осогово не испадна од Шкендија Арачиново благодарение на ждрепката која се случи по откажувањето на Воска и Гостивар.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани