Пред натпреварот помеѓу Барселона и Борусија Дортмунд кој заврши со убедлив триумф на каталонскиоот гигант од 4-0 големо внимание привлече изјавата на Гави.
Младиот фудбалер за врска на Барселона одлучи да им одговори на критичарите и оние кои не им се допаѓа неговиот стил на игра, па порача:
„Многумина мислат дека не знам да играм фудбал, но тие не разбираат ништо“, гласеше одговорот на младиот фудбалер.
На таа изјава на Гави сега се надоврза Иван Ракитиќ, сегашниот фудбалер на Хајдук кој во минатото беше дел од Барселона.
„Го сакам Гави, голем фан сум на неговата игра и карактер. Тој е вистински спектакл и секогаш би бил во мојот тим. Ако некој вели дека не знае да игра фудбал, јас од денес ќе играм пинг понг“, искоментира Ракитиќ.
Во Барселона, Ракитиќ помина шест години, а во кариерата настапуваше уште за Базел, Шалке, Севиља и Ал Шабаб од Саудиска Арабија.
Фото: ХНК Хајдук Сплит