Во последните
денови од преодниот рок, Иван Ракитиќ се реши за нова авантура и преселба во
Саудиска Арабија во редовите на Ал Шабаб.
Па Хрватот
попладнево се појави на прес конференција и имаше емотивно збогување со Севиља.
„Изминативе
денови беа кажани многу убави зборови за мене, уште еднаш бев потсетен колку
луѓето ме сакаат и обожаваат, но за мене најважни се спомените кои ги делевме и
кои никогаш нема да ги заборавиме. Понекогаш е потребно да разберете дека приказната
завршува, и покрај тоа што боли многу“ – рече Иван Ракитиќ.
„Ако има некој
начин да се возврати на огромната поддршка, тоа е со овие трофеи кои стојат покрај
мене, и Севиља има неколку“.
Тој потоа со солзи
во очите рече: „Како може Хрват роден во Швајцарија да каже дека неговиот дом е
во Севиља? Можеби заминувам, но ќе се вратам. Нема да се вратам на теренот,
веќе сум стар, но сигурно ќе се вратам во некаков капацитет. Ќе продолжам да ги
следам натпреварите и да му давам поддршка на тимот. Знам дека сезоната е
тешка, но убеден сум дека добро ќе се заврши“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.