Ракитиќ се сложува со контроверзната изјава на Пике: Да, Јамал немаше да биде стартер во нашата Барса

by bojan
1 минути читање
Јамал

Иван Ракитиќ вели дека талентот на Ламин Јамал не е спорен, но младото момче немало да биде стартер во Барселона од времето на Лео Меси, Луис Суарез и Нејмар.

Жерард Пике пред неколку дена излезе со контроверзна изјава и порача дека Ламин Јамал нема да бил стартер во Барселона од сезоната 2014/15, кога беше освоена тројната круна.

На овие коментари сега се надоврза и Иван Ракитиќ, кој исто така смета дека нема место за младото момче во тој тим на „каталонците“.

„Да, Пике е во право, Ламин Јамал немаше да биде стартер во нашата Барселона. Во тоа време го имавме најдобриот напад во историјата со Меси, Нејмар и Суарез“ – вели Хрватот.

„Видете, Ламин Јамал е неверојатен… Ја обожавам неговата дрскост и радоста со која игра, мора да продолжи да ужива на теренот. Но напаѓачите од таа Барселона беа страшни“.

Ламин Јамал собори еден куп рекорди откако на 29. април 2023 година, доби шанса да дебитира за Барселона со само 15 години и иако е тинејџер, сериозно се наметнува како клучен играч на „каталонците“ и репрезентацијата на Шпанија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани