Ракитиќ проговори за својата иднина во Барселона

by
1 минути читање

Минатата сезона беше блескава за Иван Ракитиќ во дресот на Барселона, но оваа тоа не е случај.

Тој го загуби местото во стартниот тим, а на гостувањето кај Виљареал во јануари не беше повикан ниту за на клупата за резервни играчи.

Се шпекулираше дека Ракитиќ ќе замине од Камп Ноу, но Хрватот уверува дека тоа нема да се случи и покрај тоа што не е среќен со неговата ситуација.

„Мојата иднина припаѓа единствено и ексклузивно на Барселона. Сакам да продолжам да играм тука и да освојувам трофеи со мојот клуб“ – вели Ракитиќ за „Нови Лист“.

„Клубот веќе подготвува нов договор за мене, па мојата иднина во Барселона е обезбедена“.

„Ниту еден фудбалер во светот не е среќен кога не игра, јас не сум исклучок“.

„Не ми беше сеедно кога ја видов листата на играчи пред мечот против Виљареал и моето име не беше ниту во 18. фудбалери“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани