Ракитиќ е се поблиску до заминување од Камп Ноу? На лето во Барса пристигнува Адриен Рабио

by
1 минути читање

Фудбалерот на ПСЖ
слободно може да потпише пред-договор со оглед на тоа дека ги одработува
последните шест месеци на „Паркот на принцовите“, но се уште нема официјална
потврда за неговата иднина.

Во декември силно
се шпекулираше дека Адриен Рабио ќе ја засили Барселона, но во последно време
се помалку се говори на оваа тема, а неодамна медиумите од Каталонија пренесоа
дека шампионот на Шпанија се откажал од играчот.

Сепак, денешното
издание на Ла Парисиен вели дека Французинот летоска ќе пристигне на Камп Ноу.
Весникот пишува дека Адриен Рабио во приватните разговори кажува дека ќе го
облече дресот на „каталонците“ бидејќи начелно има договор со Барса за платата,
бонусите и спортскиот проект.

Тој во тимот на
Ернесто Валверде треба да ја завземе позицијата која во моментов ја има Иван
Ракитиќ. Доколку ваквите информации се точни, Хрватот очигледно е се поблиску
до заминување, со оглед на тоа дека дека не добива нов договор, а на лето
пристигнува и замена.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани