Ракитиќ блиску до трансфер во Интер?

by
1 минути читање

Италијанскиот весник пишува дека двата клуба ќе постигнат договор за Иван Ракитиќ за сума од околу 40 милиони евра.

Интер не е само во потрага по врвни фудбалери, туку сака играчи кои имаат и лидерски способности, тие квалитети ги гледаат во Ракитиќ.

Генералниот директор на Интер, Бепе Марота и спортскиот директор Пјеро Аусилио имале тајна средба за преставници на Барса и понудиле 35 милиони евра.

Сумата која ја бара Барселона е 45 милиони евра, но се верува дека двете страни ќе направат компромис и ќе си подадат рака за сума од околу 40 милиони евра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани