Манчестер јунајтед со предност од 4-1 отпатува во Севиља. Бетис се трудеше да постигне брз гол за надеж дека може да направи чудо, но тоа не се случи.
Рашфорд промаши неколку убави шанси од идеална позиција, но погоди од многу потешко место, во 56. минута испука вистинска бомба од далечина за победа на Јунајтед од 1-0.
Јувентус славеше ипобеда и во Фрајбург, овојпат со 2-0. Надежите на Фрајбург се срушија во 56. минута од мечот кога поради играње со рака Гулде заработи втор жолт картон и беше досуден пенал за италијанскиот клуб. Влаховиќ беше сигурен од белата точка.
Конечните 2-0 ги постави Киеза со гол во судиското продолжение од мечот.
Фенербахче не успеа да ја надополни негативата од 2-0 од Севиља. Турскиот клуб победи со 1-0 со гол на Валенсија во 41. минута.
Феенорд го прегази Шахтар со 7-1. Првиот меч заврши нерешено 1-1.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.