157
Рајола неодамна рече дека Манчестер јунајтед е завршена приказна за Погба, прашањето е само кога ќе го напушти клубот, дали во јануари или во летниот преоден рок.
Според италијанските медиуми Рајола бил виден во Торино, а тоа покрена лавина вести дека можно е да договара трансфер во Јувентус.
Италијанскиот шампион не ја отфрли можноста за враќање на Погба, но нема да биде лесно.
За да се случи трансферот Погба ќе треба да се согласи на помала плата од таа што ја добива во Јунајтед, плус да го увери Манчестер да го продаде на позајмица со опција за купување.
Погба синоќа одигра одличен натпревар против Шефилд јунајтед, по подолго време беше еден од најдобрите на теренот.