Рајо не беше закана за „јорганџиите“ – лесна победа за Атлетико! (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Фудбалерите на Атлетико Мадрид запишаа рутинска победа од 3-0 против Рајо Ваљекано во натпревар од 33. коло во шпанската Ла Лига.

Избраниците на Диего Симеоне доминираа од самиот старт на мечот, а резултатот го отворија уште во 3. минута преку Александер Сорлот. До крајот на првото полувреме, „јорганџиите“ ја удвоија предноста со голот на Галагер во 45. минута.

Во продолжението, тимот од Мадрид продолжи со офанзивниот пристап, а конечните 3-0 ги постави Алварез во 77. минута.

Со оваа победа, Атлетико продолжува да се бори за пласман во Лигата на шампионите, додека Рајо останува во долниот дел од табелата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани