Фудбалерите на Рајо Ваљекано конечно се вратија на победнички колосек, совладувајќи го Леванте со убедливи 3-0 во рамките на деветтото коло од Ла Лига.
Иако не беа особено доминантни, гостите максимално ги искористија своите прилики и заслужено стигнаа до трите бода. Веќе во 12. минута Де Фрутос го отвори резултатот, а само две минути подоцна Алварез ја затресе мрежата на гостите, но неговиот погодок беше поништен поради офсајд.
Де Фрутос во 25. минута го постигна и вториот гол на натпреварот за 2-0. Во продолжението, Гарсија во второто полувреме го постави конечниот резултат, 3-0.
Ова е трет триумф за тимот од Мадрид во сезоната, а воедно и прв по пет мечеви без победа. Рајо сега има 11 бода и се искачи на 10. место на табелата, додека Леванте со осум бода се наоѓа на 14. позиција.
🚨GOAL: Jorge de Frutos 25'
— Goals Xtra (@GoalsXtra) October 19, 2025
LaLiga | 🇪🇸 Levante UD 0-2 Rayo Vallecanopic.twitter.com/GsVJAUbB38