Рафиња за тешкото детство: Често питачев на улица… поради дрога и криминал изгубив пријатели кои играа 10 пати подобро од мене

by
1 минути читање

Со своите одлични
настапи во Лидс, Рафиња го привлече вниманието на многу клубови, беше на чекор
до трансфер во Челси, но на крајот се пресели во Барселона во зделка вредна
околу 70 милиони евра.

Во разговор со
УОЛ Еспорте, Бразилецот проговори за тешкото детство во Јужната Зона на Порто
Алегре.

„Таму е тешко да
ги следите зацртаните планови и да не забегате од патот по кој одите. Ви се
нудат многу работи, брз начин да заработите пари и тука луѓето се губат.
Останав без многу пријатели поради криминал и продажба на дрога…
пријатели кои играа 10 пати подобро од мене и можеа да станат големи фудбалери“
– раскажува Рафиња.

„Ваквите примери
само ми помогнаа да го задржам фокусот на она што го сакав, сакав да станам фудбалер.
Луѓето сега зборуваат за моите магии на фудбалските терени, но магија е да успееш
во животот кога потекнуваш од таква населба и окружување“.

„Нема да биде фер
доколку кажам дека сум гладувал како дете, моите се грижеа дома секогаш да
имаме храна, но после тренинг знаев да питачам по улица и да барам од луѓе да
ми купат храна или нешто да каснам. Некои ми помагаа, други ме навредуваа и ме
викаа клошар“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани